19:12 - 3 ноември, 2026

Актерот Дритон Вејсели заврши во болница: Наместо во студио, на инфузија сум

Актерот Дритон Вејсели, познат по улогата на Талат во популарната хумористична серија „Преспав“, заврши во болница. Тој на својот инстаграм-профил објави фотографија на која лежи во болнички кревет и прима инфузија, а со објавата ги извести своите следбеници дека мора да го одложи планираното гостување во поткаст.
„Наместо во студио, денеска сум на инфузија. Извинување до Стефан и до сите вас, муабетот само се одложува!“, напиша Вејсели на фотографијата, означувајќи го водителот и јутјубер Стефан Лазаров.
Актерот требало да гостува во поткастот на Лазаров, но поради здравствената состојба гостувањето е одложено за четврток. Вејсели не откри со какви здравствени проблеми се соочува, ниту зошто морал да прима инфузија.


Дритон неодамна се врати во Македонија, откако извесен период живееше во Хрватска. Во септември минатата година „Еспресо“ објави дека актерот ја напушти земјава и се пресели во Пореч, град на хрватското приморје. Во тој период тој не беше присутен на домашните телевизиски екрани, а на социјалните мрежи објавуваше фотографии од животот покрај море.
По враќањето во Македонија, Вејсели започна нов телевизиски ангажман. Тој сега е водител на емисијата „Наткаст со Дритон“, која се емитува секоја недела од 18:45 часот на МРТ 1. Во емисијата актерот разговара со гости од различни области.
Вејсели најголемата популарност ја стекна со улогата на рецепционерот Талат во „Преспав“, кој со својот специфичен говор, хумор и духовити реплики стана еден од омилените ликови на гледачите.
Во претходно интервју за „Слободен печат“, актерот зборуваше за тоа колку му значи глумата и како ги создава ликовите што ги толкува.
„Талат не е моето алтер его, тој е производ на моите опсервации“, рече тогаш Дритон, објаснувајќи дека инспирацијата за неговите улоги ја црпи од луѓето и ситуациите во секојдневниот живот.
Во истиот разговор откри дека уште од детството имал интерес за уметноста. Завршил Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“, а потоа дипломирал актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Покрај актерството, негова голема љубов е сликарството.
„Јас ја сфаќам мојата професија како детска игра. Всушност, тоа е нејзината основа. Сржта на глумата е дека треба да си играме“, изјави Вејсели во интервјуто за „Слободен печат“.

Слични објави

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо
Се вчитува....