8.8 C
Скопје
02:28 - 18 октомври, 2026

Миа Костова повторно реагира за жешките училници: „Да не јадевте гурабии пред две години, ќе ги климатизираа сите“

Миа Костова повторно ја отвори темата за високите температури во училиштата и недостатокот на клима-уреди, потсетувајќи на нејзиниот статус од пред две години, кој тогаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
На почетокот на новата учебна година, Костова се осврна на реакциите на родителите кои се жалат дека децата следат настава во претопли училници. Таа потсети дека во 2024 година беше критикувана, а на социјалните мрежи се правеа и мемиња откако објави дека не сака нејзиниот син Андрија да престојува во училница без климатизација на високи температури.
„По две години од мојот вирален статус после кој правевете мемиња и од син ми, некако сте ми многу вознемирени дека било 45 степени со 30 деца и немало клими во училиштата? Па што, ние како растевме?
Да не јадевте гурабии пред две години ќе ги климатизираа сите, ко што ви се климатизирани работните места, а сеа идете на море малце да не ви се варат децата.
п.с Моето не се вари, онлајн е на часови во климатизирана детска, а компјутерот ќе го извозиме и на плажа. (ако те вознемирува ова ʼонлајнʼ провери по портали – зошто е онлајн)“, напиша Костова.

Во септември 2024 година, Костова привлече големо внимание кога објави дека размислува нејзиниот син Андрија да ја почне учебната година дури во октомври. Како причина ја наведе високата температура во училницата и немањето климатизација. Таа тогаш рече дека на родителска средба во 19 часот измерила 37 степени во училницата и оцени дека условите за децата се нехумани.

„Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен, туку дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степени, верувам дека во 12 напладне е 57 степени. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага“, напиша тогаш Костова.

Таа посочи дека станува збор за ново училиште без климатизација и праша какви се условите во постарите училишни објекти доколку и таму нема соодветно разладување. Костова тогаш порача дека би ја бојкотирала наставата во такви услови и дека, во спротивно, ќе го повлече своето дете од часовите и дополнително ќе се договара за пропуштениот материјал.

Нејзиниот став пред две години ја подели јавноста, дел од родителите ја поддржаа и споделуваа слични искуства од училиштата, додека други ја критикуваа одлуката детето да не оди на настава поради жештините.
Две години подоцна, Миа се наврати токму на тие критики, откако проблемот со високите температури во училниците повторно стана актуелен на почетокот на учебната година.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....