18:10 - 27 ноември, 2026

Мелина ја напушта семејната вила, Харис Џиновиќ ѝ помага да купи луксузен имот: Пејачот не штеди на отуѓената сопруга

Мелина и Харис останаа во добри односи по пропаѓањето на нивната љубов, а во прилог на тоа говори и фактот што пејачот е подготвен финансиски да ѝ помогне на поранешната сопруга при купувањето недвижнини.

Главна тема во медиумите во последните денови е разводот на Мелина Џиновиќ и Харис Џиновиќ.

Славните сопружници се договориле пријателски да се разделат, а целиот имот што го стекнале за време на бракот ќе остане кај Харис.

Креаторката одлучила да се исели од нивната заедничка вила и да си купи имот во луксузна населба.

– Иако се разведуваат, Мелина и Харис функционираат одлично. Тие се пред се родители, а потоа пријатели. Лесно се договориле за се, а Мелина може да живее каде сака. Не е важно дали е нивниот дом во Босна и Херцеговина или во Белград. Сепак, таа решила да си купи стан во популарна населба, а во тоа ја поддржува Харис, кој и финансиски ќе и помогне. Таа се уште не се одлучила за одредена локација. Исто така, џипот што го вози и останува да го користи – вели извор близок до парот за српски Информер.

Како што дополнително открил изворот, додека не си купи куќа или луксузен стан, Мелина ќе биде во еден дел од вилата во која до сега живееле, а Харис во друг дел.

 

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....