20:58 - 7 ноември, 2026

Меган Маркл зборува за односот со своето тело и признава: „Се чувствував непривлечна“

Меган Маркл повторно е во центарот на вниманието. Во нејзниот поткаст Archetypes, таа признава дека не се чувствувала сигурна во своето тело во одредено време. 

Војводите од Сасекс пред две години потпишаа договор со платформата Спотифај за околу 18 милиони долари. По две години напорна работа Меган дебитираше со првата епизода од нејзиниот подкаст кој во Англија освои милиони слушатели. Таа  ја започна епизодата велејќи дека на овој начин ќе ја запознаеме вистинската Меган која е многу далеку од тоа како ја опишуваат таблоидите.

Нејзиниот подкаст се вика Архетипови, име што го зема коренот од името на нејзиниот син Арчи. Токму поради оваа причина таа почнува да зборува за својата прва бременост. Од безброј извори веќе знаеме дека Меган тој период не го живеела мирно, особено поради постојаната загриженост на кралското семејство за бојата на кожата на нејзиниот син. Меѓутоа, Меган открива дека никогаш не се чувствувала секси и самоуверена гледајќи го нејзиното бебе кое расте секој месец и се плашела дека принцот Хари нема веќе да ја гледа како привлечна жена.

Ова признание ја зближи Меган со многу други жени. Како што објаснува и психотерапевтот и сексолог Адел Фабризи, бременоста за некои жени е време на криза. Според експертот, мажот за време на бременоста може да изгледа помалку желен за својата партнерка, но само затоа што таа изгледа фокусирана на сите промени кои се случуваат во нејзиното тело и во нејзиниот живот. Ова признание на војвотката смири многу жени кои исто како Меган не се чувствувале посакувани од нивните партнери за време на бременоста, а сега, најпосле сфаќаат дека не се единствени кои минуваат низ тоа.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....