15:23 - 7 ноември, 2026

„Меган беше во солзи“: Што кажала Маркл пред да го напушти кралското семејство

Разделбата на принцот Хари со неговото семејство, наречена „Мегзит“ во медиумите, се случи во 2020 година. Сега принц Хари со сопругата Меган Маркл и двете деца живеат во Калифорнија.

Познатиот биограф и обожавател на принцот Хари и Меган Маркл, новинарот Омид Скоби зборуваше за последните зборови на ѕвездата на серијата „Suits“ пред тие да ги прекинат сите врски со кралското семејство и да ја напуштат Велика Британија, пишува NYpost.

Во март 2020 година, војводата и војвотката од Сасекс ги завршија своите последни ангажмани како членови на кралското семејство и се преселија во Канада, а потоа во нивната палата во Монтесито, Калифорнија.

Омид Скоби, коавтор на „Наоѓајќи ја слободата: Хари и Меган“, во новата биографија ги открива последните зборови на Меган Маркл на тој тежок последен ден во кралското семејство.

Таа, наводно, рекла: „Не требаше да биде вака“, тврди Омид Скоби.

Според него, Меган била во солзи и тоа го кажала со шепот. А Скоби потоа ја прегрнал и се обидел да ја утеши.

Потсетуваме дека Меган и Хари се венчаа во 2018 година, а се преселија во Калифорнија во 2020 година.

Една од причините поради кои парот си замина е тоа што чувствувале дека немаат поддршка од кралското семејство.

„Солзите што војвотката храбро ги задржуваше слободно ѝ течеа подоцна кога беше меѓу познатите лица“, објаснува Скоби, додавајќи дека Меган Маркл посакувала работите да одат во друга насока.

„Војвотката од Сасекс се прости емотивно од своите сакани помошници додека нејзиниот авион за Канада требаше да полета за само неколку часа. Меган требаше да се врати во Канада со последниот комерцијален лет тој ден, со цел да се врати во Ванкувер утрото пред да се разбуди нејзиниот син Арчи“, рече Скоби.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....