Сузана Гавазова да му се извини на сопругот Јасмин, вели еден коментар на нејзиниот Фејсбук профил, откако пејачката им се извини на своите фанови по вклучувањето во живо со шоуменот Боки 13 на неговиот ТикТок профил.
Бојан Јовановски познат како Боки 13 ја критикуваше за нејзиниот стајлинг, а во „лајвот“ се појави и јутјуберот Ритко.
Гавазова се пошегува: „Би му готвела, ама нека каже Ритко што сака да носам на себе.” Ритко посака таа да нема облека, но таа со насмевка одговори: „Не е интересно така, барем ако се работи за чизмите на Филип Плејн, во долна облека би му направила ручек и би му тверкала.”
Боки 13 ја обвини Гавазова дека лажела оти нејзиниот стајлинг чини 5.500 евра во подкастот на Марио Арангеловски. „Не излажав, тоа е цена што ја одредила креаторката. Јас само ја носев креацијата“, рече пејачката. Гавазова на својот Фејсбук потоа објави извинување до јавноста.


