16:25 - 1 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ, која во јавноста важи за директна и цврста личност што ретко ги открива емоциите, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со искрено признание.

Додека гледала филм и кадар со страствена сцена, пејачката се огласи и ја откри својата помалку позната, романтична страна:

„Лично сметам дека не постои поромантична личност од мене. Штета што тоа речиси никој не го знае“.

Шерифовиќ во последно време целата своја емотивна страна ѝ ја посветува на мајчинската улога и одгледувањето на синот Марио. Таа истакна дека родителството целосно ѝ ја променило перспективата во животот и дека прави сè за да балансира меѓу кариерата, пријателите и семејството:

„Кога станувате одговорни за нов живот, се менува целата перспектива — од организацијата на денот, па сè до големите животни чекори. Емотивната страна на мојата личност и порано беше резервирана само за избрани, а сега во најголема мера е резервирана за Марио. Се трудам да му овозможам да расте во среќна и здрава средина, а тој моментално е во фаза на опчинетост со Спајдермен, па се снаоѓам да одговорам на сите негови прашања“.

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....