13:14 - 10 април, 2026

(ВИДЕО) МАДОНА објави ВОЗМЕМИРУВАЧКИ снимки од инвазијата врз Украина: Извини, ама ова боли!

Меѓу многуте кои го кренаа својот глас да кажат „не“ на војната е и поп-ѕвездата Мадона која ги осуди постапките на Путин и ги повика луѓето да донираат во добротворни цели, споделувајќи на социјалните мрежи и ремикс на нејзината песна „Извини“ (Sorry) од 2006 година, проследено со видео монтажа од фотографии од крвавиот конфликт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

На видеото се гледаат бомби кои паѓаат врз Украина и граѓани облеани во крв. Инаку, инстаграм – профилот на пејачката го следел и украинскиот претседател Владимир Зеленски. Мадона објави и фотографија на која се гушка со украинското знаме на концерт и видео од бомбардирањето со коментар: „Ова видео боли“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Мора да се запре бесмислената и од алчност поттикната руска инвазија во Украина. Ве молам, испратете хуманитарна помош за да им помогнеме на граѓаните во Украина, чии животи се погодени од оваа криза во моментов. Путин ги прекрши сите човекови права. Путин нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина. Ве поддржуваме претседателе Зеленски! Се молиме за вас и за вашата држава. Бог да ве благослови сите!“, вели Mадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Нејзиниот поранешен сопруг пак, глумецот Шон Пен, е лично во Украина за да документира и „да му ја покаже на светот вистината за руската инвазија“, според зборовите на претседателот Зеленски.

Слични објави

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо
Се вчитува....