4.8 C
Скопје
07:36 - 20 октомври, 2026

Лиза Мари Присли плаќала 400.000 долари месечно за детоксикација од алкохол, лекови против болки и антидепресиви: „Пиела и по 80 апчиња дневно за против болки“

Лиза Мари Присли доживеа срцев удар кој на крајот ѝ стави крај на животот, меѓутоа, таа долго време се борела со зависностите.

Откако ја прекинала врската со нејзиниот четврти сопруг Мајкл Локвуд, таа се пријавила во установа за рехабилитација.

Сега испливуваат детали дека исто како и татко ѝ, Елвис Присли, и Лиза Мари Присли земала голем број апчиња против болки.

Инсајдер за американските медиуми спомнува дека „Лиза Мари рече дека ќе умре ако не добие помош“ во 2016 година по нејзиното раскинување. Таа зимала и по 80 апчиња на ден во некои периоди.

„Таа има приватен тим за детоксикација за кој плаќа 400.000 долари месечно, а сите лекари одат во нејзиниот дом“, тврди друг извор.

Присила Присли била преокупирана со борбата на нејзината ќерка против зависноста и „ја посетувала повеќе од еднаш“, според Радар, изворите тврдат дека нејзината зависност од таблети против болки започнала пред да се раздели од Мајкл Џексон, тврдејќи дека има „страшни болки во грбот“. Други тврдат дека „страшниот скандал со нејзиниот сопруг [Мајкл] ѝ наштетил на финансиите“ и ѝ го отежнал многу животот.

Упатените тврдат дека Лиза Мари имала „целосен емоционален слом“.

Лиза Мари Присли почнала да употребува дрога кога имала 13 години па се до 17 години кога побарала лекарска помош.

„Пробав сè освен печурки и хероин… или крек“, рече своевремено таа.

Единственото дете на Елвис потоа ја следеше програмата на Скиентолошката црква за одвикнување од зависности, а до таму дошла откако „ се забавуваше 72 часа и се разбуди со луѓе на подот“.

„Кокаин, седативи, и алкохол – сето тоа во исто време… Не знам како преживеав“, рече своевремено Лиза Мари.

„Се разбудив еден ден со еден куп луѓе на подот. Се возев до Скиентолошката црква и реков: „Има ли некој …ве молам помогнете ми веднаш“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....