12:57 - 4 април, 2026

(Фото) Лени Кравиц го батали целибатот, во врска е со Кајли Миног: Трча во нејзината прегратка

56-годишната Кајли Миног и 60-годишниот Лени Кравиц се во љубовна врска, објави New Idea.

Причината за гласините беше нивната топла средба на трката за ГН на Формула 1 во Сингапур, каде што поминаа време заедно. Според гласините, меѓу нив имало отсекогаш „искри“, а овојпат хемијата била видлива.

„Сега и двајцата се сингл, па секако имаше искра во Сингапур“, вели изворот.

Самата Кајли сподели видео со Кравиц на Инстаграм, кое што го потпиша со зборовите: „Сакам, сакам“. На снимката пејачот трча во нејзината прегратка.

принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм
принтскрин

Интересно, според гласините, тие веќе имале кратка врска во 90-тите: во тоа време, Кајли штотуку раскинала со фронтменот на INXS, Мајкл Хаченс, а Лени Кравиц се развел од сопругата Лиза Бонет, со која ја има ќерката Зои.

Неодамна се дозна дека Кајли Миног раскинала со својот вереник Пол Соломонс, со кој беше заедно од 2018 година. Што се однесува до Кравиц, музичарот неодамна призна дека девет години не излегува со никого односно дека е во целибат, бидејќи ја чека својата вистинска љубов. „Тоа е духовна работа“, рече тој „Станав многу ригиден во врска со мојот животен стил“.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....