23:21 - 12 ноември, 2026

Вака ќе се подели имотот на Харис и Мелина Џиновиќ: Еден фактор може да му ја земе од раце вилата од 2 милиони евра на Сењак

Харис и Мелина Џиновиќ се разведоа пред неколку месеци, и тоа по 22 години љубов.

Харис денеска се појави во Првиот основен суд поради поделба на имотот, и тоа за најверојатно да го продолжи процесот во борбата за вилата.

Како што објавија српските медиуми, Харис и Мелина подигнале огромен заеднички кредит за вилата во Сењак во која живееле до неодамна, а во која пејачот сè уште живее со своите деца, додека Мелина се преселила на друга локација.

Како што објасни адвокатот, имотот стекнат во текот на бракот се смета за заеднички имот, кој се дели во зависност од придонесот на брачниот другар.

– Стекнувањето каков било имот во брак се смета за заеднички имот, но не со определени удели, што значи дека имотот се дели сразмерно на придонесот на брачниот другар, односно кој го имале сопружниците при стекнувањето на имотот. Секако, сопругата, односно мајката, има посебен придонес во стекнувањето на тој имот од причина што воспитувањето и чувањето на децата и домашните работи, кои вклучуваат готвење, пеглање, чистење и сè друго што ја сочинува работата на мајката и одлична домаќинка, претставува посебен придонес кој може, кога се пресметува во бројки и на самиот почеток, да изнесува околу 15-20 отсто – рекол адвокатот и додал:

– Во однос на недвижностите стекнати во брак, исто така важи кажаното – кој, колку, кога и од што ја купил недвижноста и во кој обем – заклучил тој.

Инаку,  се шпекулира дека пејачот вложил околу два милиони евра во велелепната вила. Се градела од 2017 година, до 2021 кога парот се всели.

Оваа луксузна куќа во долниот дел има базен, но и винарска визба, која е богата со различни вина од различни делови на светот. Пејачот си изградил и музичко студио за себе.

 

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....