01:19 - 11 ноември, 2026

Харис Џиновиќ повторно на суд со Мелина: Пејачот дојде на рочиштето за поделба на имотот

Харис Џиновиќ се разведе од сопругата Мелина Џиновиќ на 28 март годинава, но судскиот спор за поделба на имотот сѐ уште трае. Пејачот денеска во утринските часови се појавила во судница за најверојатно да го продолжи процесот во спорот за вилата на Дедиње, јавуваат српските медиуми.

Харис се појави во Првиот окружен суд без адвокат и не даде никакви изјави. Џиновиќ стандардно носел капа, а имал и кошула, црни панталони и патики, пишуваат понатаму тамошните медиуми.

Но, неговата поранешна сопруга не се појавила на суд, ниту во текот на бракоразводната постапка кога испратила само адвокат.

По разводот со Мелина, во емисијата „Сцена“ која се емитува на ТВ Блиц, Харис презентираше цела низа детали за врската со сѐ уште легалната сопруга.

– Не се сретнуваме ни кога одиме да спиеме. Имаме голема удобност, така што секој има своја соба. Ако сака да спие, да се тушира, да се капе, да прави секакви работи во својата интимност… Секој сакаше да има своја соба, а ако некому му треба секс, зближување, тоа не е проблем. Дојди во мојата соба, или ќе одам во твојата. Па, мислам дека тоа е едно ниво поубаво – рече меѓу другото Харис.

Според медиумите, Мелина сега наводно живее на Азурниот брег, а неодамна ја посетила нејзината ќерка Џина.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....