21:09 - 12 ноември, 2026

Александра Пријовиќ донесе шокантна одлука: Реши да се повлече од јавноста

Александра Пријовиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, а за атмосферите на нејзините концерти се зборува со денови.

Пејачката посебно се осврна на концертите во Белград, но најави и повлекување од јавноста.

– Па, токму затоа што сѐ почна од Белград. Белградската публика прва поверува во мене и помогна „мојот глас да се слуша надалеку“. Носам посебни емоции од тој прв ден. И сега веќе сум нервозна пред тој последниот концерт на 22 декември – изјави Александра за „Блиц“.

– Не се плашев, но не верував дека ќе се продаде за еден ден. Затоа правиме нешто посебно и различно од целата турнеја за тој ден. Се трудев да ги направам концертите подеднакво убави во секоја држава и град, цел тим го носев на помали места и не штедев никаде кога се работеше за продукцијата. Затоа Белград заслужува да ги изненадам на последниот концерт. Но, јас никогаш не зборувам однапред, туку изградив однос на доверба со публиката – затоа знам дека тие знаат дека ќе си поминеме одлично и дека ќе дадам сѐ од себе тие да си одат дома насмеани и да се сеќаваат на таа средба многу години – изјави Пријовиќ.

Александра Пријовиќ по концертите го откри својот следен чекор.

– Александра заслужи пауза (се смее) Се повлекувам од јавноста… на некое време. Следната година е идеална за создавање на нови песни, планирање на се што доаѓа, празници, семејство, пријатели – изјави таа.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....