14:34 - 12 ноември, 2026

(Фото) Ребел Вилсон покажа детаљи од нејзината венчавка со Рамона Агрума: И двете во романтични венчаници

44-годишната австралиска актерка Ребел Вилсон покажа фотографии од нејзината тајна венчавка. Ѕвездата на Инстаграм покажа снимка од важниот ден.

Ребел се врати на социјалните мрежи за прв пат откако размени завети со Рамона Агрума на Сардинија.

Австралиската актерка се венчаше за својата сакана на романтична церемонија на медитеранскиот остров, опкружена со блиски пријатели и семејството.

Прекинувајќи го молкот на социјалните мрежи, Вилсон набрзо потоа објави фотографија на која среќната двојка се држат за рака. Во натписот на фотографијата таа забележа: „Омажена Сардинија 28.09.24“.

Извор претходно изјави дека парот жени планира да се венчаат на „суперромантична“ и приватна церемонија опкружени со најблиските и најдрагите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Двојката првпат се запозна во 2021 година, а свршувачката ја објавија во февруари 2023 година. Тие веќе ја имаат ќерката Ројс Лилијан, која ќе наполни две години во ноември 2024 година. Девојчето го родила сурогат мајка.

инстаграм

 

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.
Се вчитува....