05:59 - 7 ноември, 2026

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Пејачката Кристина Арнаудова искрено ги откри грешките од минатото за кои се кае и раскажа како успеала да го смени животот. Таа сними мотивирачко видео од својот дом и рече:

„Сакам нешто да кажам за кое што мислам дека вам ќе ви помогне, а сум го научила по потешкиот пат. И веќе, со моите години, можам да заклучам многу работи. Простете што сум ваква никаква, но само што завршив со вежбање и тоа е утринско неделно вежбање.

А си мислев нешто. Ако можам да го вратам времето и ако ми е дадено да сменам едно нешто кое што мислам дека е клучно и многу ќе ми го промени квалитетот на животот подоцна во годините, особено по 40-тата година, тоа е дека би сакала да знаев дека секојдневното вежбање, особено комбинација од јога и вежби со тежини, неверојатно може да ви го смени животот. Односно, сите симптоми што ги искусуваат луѓето, особено жените по 40-тата, како болки во грб, болки во телото, хормонални промени, неверојатно многу се намалуваат ако редовно вежбаме“, рече пејачката во видеото и додаде:

„Да можам сега да се вратам барем 10 години назад и да може некој да ми залепи еден шамар и да ми каже: ‘Почни, Кристина, да вежбаш секој ден, затоа што тоа навистина многу ќе ти помогне по 10 години’, многу би била благодарна. И затоа сакам денес ова да го споделам, всушност, со вас и да ви кажам: ‘Почнете на време!’ Неверојатно многу ќе ви го смени квалитетот на животот, бидејќи не зборуваме за тоа колку долго ќе живееме, туку колку квалитетно ќе живееме. Значи, ако живееме до 100 и живееме во кревет, тоа не е добар живот. Ако живееме до 85 на нозе, витални, јаки, здрави… Ако јас можам да го кренам од седење моето десетгодишно дете во раце, можам да правам сè со него“.

Фото: Скриншот

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....