8.8 C
Скопје
18:09 - 31 март, 2026

Кралски експерт тврди дека кралицата Елизабета Втора ја донела одлуката Меган и Хари да се преселат во САД

меган маркл, принц хари

Ендрју Мортон, автор на книгата „Дијана: Нејзината вистинска приказна со свои зборови“, за подкастот „Сејв д Кинг“ (Save the King) изјави дека покојната кралица била сочувствителна со одлуките на Меган Маркл и принцот Хари, пишува Њујорк Пост.

Според кралскиот експерт, Елизабета Втора ја поддржала одлуката на Меган Маркл и принцот Хари да живеат надвор од Велика Британија и се однесувала кон нив со разбирање.

„Кралицата отсекогаш била сочувствителна со секој што би сакал да се повлече неколку години и само да ужива во семејниот живот“, рече Мортон.

Авторот ги објасни своите изјави велејќи дека кралицата и нејзиниот покоен сопруг принцот Филип живееле на Малта две години по нивната венчавка.

Меган Маркл и принцот Хари се венчаа во мај 2019 година, а во јануари 2020 година објавија дека се повлекуваат како постари членови на кралското семејство и се преселуваат во Соединетите држави.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....