1.8 C
Скопје
21:45 - 18 декември, 2024

КОМУНИЦИРАЈТЕ ПРЕКУ ЈАЗИКОТ НА ЦВЕЌИЊАТА: Откријте кој цвет какво значење има

цвеќиња

Да се знае значењето на цвеќето е суштински чекор доколку сакате да комуницирате преку јазикот на цвеќето, и со тоа да направите романтичен или пријателси гест кој, ајде да си признаеме, секогаш има неоспорен шарм.

Со цвеќето како подарок може да покажете наклонетост, благодарност или длабоко чувство на пријателство.

Но, дали знаете кои цвеќиња се најсоодветни за вас и за оние на кои ги подарувате? Каква порака пренесуваат? Дали се наменети за конкретната пригода?

Подарувањето цвеќе и искажувањето на своите чувства и размислувања преку него е преубава навика, за жал, малку поретка во споредба со минатото. А, ако целта ви е да „зборувате“ преку цвеќето, или едноставно да го изберете врз основа на неговата симболика, треба да обрнете внимание на неговото значење.

Сончоглед, радост и позитивност

сончоглед

Сончогледот одговара на значењето на радоста, бодроста и живоста. Тој е убав светол цвет, енергичен и полн со позитивност. Го симболизира сонцето и е идеален за изразување пријателство, благодарност, но и добар начин за споделување малку радост и добро расположение.

Совршен избор е за летен роденден, посета на пријател или за весела и драга личност. Ако сакате да внесете малку радост и боја во вашиот дом, сончогледот е идеален цвет кој може да се смести во ваза во дневната соба или во кујната.

Орхидеја, елегантен и фасцинантен подарок

орхидеја

Орхидејата претставува хармонија и убавина. Овој рафиниран цвет со силна декоративна вредност, има митско потекло: родена е во спомен на Орхидеја, андрогинска фигура, и остана олицетворение на самата убавина и хармоничен живот. Орхидејата зрачи со елеганција и сензуалност – претставува префинет подарок, идеален за изразување на чисто и искрено чувство. Затоа е и совршен симбол на љубовта.

Лале, боја и радост

лале

Лалето е весел, едноставен, но сугестивен и разнобоен љубовен цвет. Неговата симболика се менува според географските области: на Исток, симболизира совршена љубов, додека на Запад, ги отелотворува вредностите на материјалната и интелектуалната чесност. Идеален цвет е за прославување на роденденот на саканата, дури и подобро ако е во шарен букет.

Лотосов цвет, восхит

лотус

Цветот на лотосот симболизира длабоко чувство на восхит. Женствен и сензуален, бил симбол на убавината и елоквенцијата во Античка Грција и сè уште предизвикува воодушевување заради неговата необична форма и неговата посебна естетика. Со ваков цвет може да покажете почит на шармантните и оригинални луѓе и да изразите восхит кон нив.

Роза, цвет со илјада значења

роза

Кралица на градините и љубовта, таа е идеална како подарок за вашиот партнер/ка, но обрнете внимание на пораката што сакате да ја пренесете. Црвената роза симболизира страст, розова – сладост, белата – чистота, жолтата – љубомора, а портокаловата копнеж.

Кала, цвет на пријателството

кала

Цветот кала е симбол на пријателство и на длабоката и искрена почит. Белата кала е симбол на чистотата, а со својата елеганција и посебност исто така, сугерира благородност и посебност, поради што честопати се избира за посебни настани како крштевки, свадби и причестувања. Идеална е за искажување почит, восхит и искрено пријателство.

Цветови на цреша, кршливост и сила

цреша

Цветот на црешата е симбол на кршливост и на истрајност истовремено. Тој претставува поетска метафора на постоењето. Убавина, минливост и отпорност за цвет полн со шарм, со розови нијанси, а се поврзува со месецот април – месец на неговото цветање. Симбол е на повторното раѓање и на богатство.

Во јапонската култура, април е всушност многу важен месец, особено за младите, затоа што се совпаѓа со крајот на училиштето и влегувањето во светот на возрасните. Ова е причина зошто цветовите од цреша, на пример, симболизираат богатство. Идеални се за да се прослави почеток на новата авантура, важна животна промена, промена на живеалиште, или да се прослави нов живот.

Маргаритка, светлост и едноставност

маргаритка

Симбол е на светлост, на добро расположение и сончева светлина – типични црти на децата, затоа маргаритката ја симболизира и чистотата и наивноста на детството. Се вели дека овој цвет има пророчки способности, и ова е причината зошто вљубените се обидуваат да си ја „дознаат“ нивната љубовна судбина гледајќи во овој цвет или мирисајќи го.

Маргаритките се идеални за објавување на љубов, но и за славење на пријателства. Подеднакво се совршени за детски родендени и воопшто, како подарок наменет за деца.

Булка, спокојство и поезија

булки

Смирен и едноставен цвет, но во себе носи цела поезија. Цвета насекаде, на повеќето незамисливи места: нејзината душа е истовремено силна и смирена и затоа е симбол на отпор но и на утеха.

Идеална е за подари како утеха за недостаток на некој близок или едноставно да донесе мала самодоверба кај некој кому недовербата му недостига во не толку мирен момент од животот.

Перуника, носител на надеж

перуника

Цветот перуника/ирис е именуван по грчкиот бог Ирис, гласник на боговите што го користел виножитото за да создаде мост помеѓу Олимп и Земјата. Подоцна овој цвет го презеде симболизирањето на носител на надеж и добра вест.

Има значења и според различните бои: виолетов претставува мудрост и е начин да му искажеме некому комплимент, синиот ирис е симбол на надеж и верба, жолтиот симболизира страст, а белиот чистота. Перуника е идеален за подарок кога некому носите добри вести.

Божур, срамежливост

божур

Божурот е фасцинантен и величествен цвет кој симболизира срамежливост. Дури и неговата форма, првично затворен во себе, а потоа отворена, ја нагласува склоноста за интровертна и срамежлива душа. Поради оваа причина, тој е идеален цвет за подарок на оние кои не можат да најдат храброст да се изјаснат.

Гербер, споделување

гербер

Гербер е цвет со едноставна и жива убавина која симболизира радост и споделување. Во зависност од бојата има различни значења, розовата означува младост, црвената – љубов и победа, жолтата е симбол на славата, додека портокаловата е чист израз на радост. Преку овој цвет ја искажуваме радоста да бидеме заедно или му искажуваме почит на драг пријател за довербата.

Камелија, вечна посветеност

камелија

Ливчињата од камелија, со нежно заоблена форма, се симбол на префинетост и совршенство; тие се обединети во една наизглед нераскинлива врска која ги наведува да се одвојат од растението откако цветот ќе се исуши. Затоа камелијата претставува симбол на приврзаност и вечна посветеност.

Според тоа, овие цвеќиња со поетска естетика ја отелотворуваат суштината на совршената и бесмртна заедница. Сепак, во зависност од бојата, камелијата добива нови и попрецизни значења: розовата означува носталгија и желба да се пронајдеме себеси, црвената симболизира страст, белата сведочи за длабока и искрена љубов, шарената верзија е симбол на доверба и надеж; двобојната означува дека многу мислите на оној кому ја упатувате, и на крај, едноставната верзија, укажува на обожавање.

Нарцис, суета и неодолива убавина

нарцис

Нарцисот потекнува од митолошката приказна за Нарцис, кој бил казнет на смрт од Купидон заради неговата прекумерна суета. Овој цвет со неодолива убавина стана симбол на прекумерна самодоверба, претерана суета и неможност за љубење на друг. Иако значењето сигурно не е многу позитивно, овој шармантен цвет може да се подари на неодолива или недостижна личност.

Темјанушка, спокојност и скромност

темјанушка

Со нежна убавина и пријатен мирис, темјанушката отсекогаш била една од најомилените и ценети цвеќиња. Симбол е на спокојност и скромност, таа е идеална за да се заблагодарите некому, или да го поканите за нешто.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо
Се вчитува....