4.8 C
Скопје
13:21 - 21 декември, 2024

„КОЛЕШКИТЕ МОЖАТ ДА МИ ПЛУКНАТ ПОД ПРОЗОР!“ Дара Бубамара искеширала 45.000 евра за разубавување!

Новиот изглед на српската пејачка Даре Бубамара не престанува да ја интригира јавноста, а многумина се прашуваат колку пари дала фолкерката за сите естетски зафати за да изгледа вака.

Кога Дара Бубамара се појави на сцената во раните 1990-ти, таа беше русокоса девојка која пленеше со својата харизма. Тогаш беше многу послаба, а природните гради и беа многу помали од овие што ги има денес и кои гордо ги истакнува.

Дара со текот на времето малку се здебели, но не премногу, па стана згодна и фатална русокоса.

Дара пред десетина години за прв пат стави силикони во градите, а како што рекла, неколку пати ги менувала. Таа сега е горда сопственичка на „седмица“, а честите интервенции на градите фолкерката ја чинат околу 15.000 евра!

– Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да плукаат под мојот прозорец. Ги следам светските трендови, доста е веќе од лажен морал – изјавила Дара за домашните медиуми.

Пејачката пред 4 години ја шокираше јавноста кога медиумите добија информација дека за нова насмевка искеширала 18.000 евра. Како што тогаш се зборуваше, Дара правела нови заби во Цирих, а се одлучила за клиника во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.

Бубамарата по сопствено признание ги надополнувала усните неколку пати, а последната корекција на усните, според пишувањата на медиумите, била пред неколку месеци, додека се забавувала со своето 20-годишно момче Тони. Цената на филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара за усни низ годините дала околу 2.500 евра.

Дека се подмладувала сведочат и најновите фотографии на оваа фолкерка, па освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето вбризгувала ботокс, а на јаготките филери. Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои 6 месеци за лицето да изгледа негувано.

Операцијата на носот го променила личниот опис на пејачката, велат коментарите од социјалните мрежи. Непосредно пред уште еднаш да го претстави своето ново лице, Дара била во Турција, па многумина помислиле дека на една од тамошните клиники „отишла под нож“, а оваа процедура во Турција чини меѓу 4.000 и 7.000 евра, пренесува република.рс.

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо
Се вчитува....