11.8 C
Скопје
16:01 - 30 март, 2026

Којa е Тоска Маск: не e само „сестрата“ на Илон, туку и креативната душа на семејството

Режисерка и продуцентка, три години помлада од нејзиниот брат Илон, најбогатиот човек на светот, таа го основаше Пешнфликс (Passionflix) еден вид на комбинација од романтичен и еротски Нетфликс.

Илон не е единствениот славен во семејството, иако е најбогат човек на светот, тука е и таа, Тоска Маск (47), помладата сестра на Илон, можеби помалку „луда“ од братот, но затоа многу креативна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tosca Musk (@toscamusk)

Нејзин проект е Пешнфликс, услуга за стриминг базирана на претплата, каде е и ко-основач и извршен директор. Пешнфликс е наменет исклучиво за женската публика нудејќи еден вид „Нетфликс на страст“.

Идејата зад Passionflix е едноставна: се продуцираат адаптации на ТВ серии и филмови од романтични и еротски романи, а понудени се на јавноста по цена од само 6 долари месечно. За да профункционира и да се постави проектот, влогот на Тоска Маск бил речиси 22 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tosca Musk (@toscamusk)

Пешнфликс е роден во главата на продуцентката со цел да ја пополни празнината во забавната индустрија од романтично-еротскиот жанр. А, покрај продукцијата на филмови и ТВ серии, често и самата ги режира. Всушност, Тоска Маск е и режисерка. Родена во Јужна Африка, како нејзиниот постар брат, таа веќе со години се занимава со филмот, од режија до продукција. Нејзиниот прв филм бил објавен во 2001 година, под името „Загазен“, а бил продуциран во семејството со помош на нејзиниот брат.

На Инстаграм таа се опишува себеси како „директорка и мајка“ на близнаците Ајзабо и Грејсон, а има и огромен број на следбеници. На социјалните мрежи споделува моменти од работата зад камерите и од паузите на снимањата, но и мигови од патувањата и приватниот живот.

Манекенката и писателка, мама Маје Маск игра важна улога во животот на нејзините деца. Таа ѝ помогна на својата ќерка Тоска да ги развие профилите на социјалните мрежи, а минатиот мај пристигна на Мет Гала 2022 година со Илон, што го направи настанот веднаш вирален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tosca Musk (@toscamusk)

Освен што е моделка таа е етаблирана нутриционистка и голем борец против злоупотреба на жените, а во својата афтобиографска книга  „Жената прави план“ таа ги раскажа своите години минати во брак трпејќи злоставување од сопругот Ерол Маск, пред да го остави и со себе да ги земе трите деца: Кимбал, Тоска и Илон.

Братот на Илон Маск има сосема други интереси, противник е на Трамп и наместо вселената – го интересира Земјата: Кој е Кимбал Маск?

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....