0.8 C
Скопје
05:20 - 10 март, 2026

Кој се погрижи за изгледот на првата дама Елизабета Ѓоргиевска за свечената вечера во Шпанија

Тотално црвен изглед за сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, која во друштво на сопругот вчеравечер присуствуваше на вечерата организирана од кралот на Шпанија Фелипе Шести и кралицата Летиција.

Вечерата беше организирана за лидерите кои учествуваат на Нато самитот кој се одржува во Мадрид.

Елизабета беше дотерана во црвен фустан со миди должина, нагласен кај струкот, а затворен на предниот дел, без деколте. Така фустанот ја следи убавата силуета на првата дама, претставувајќи ја во полна елеганција и грацилност.

Според наши извори, креацијата е на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов.

Изгедот е заокружен со чевли со висока потпетица во црвена нијанса и плик-чантичка во истиот тон.

Единствено што, според нас, можеби недостига е барем парченце дискретен накит, на пример, нежни обетки од охридски бисери, но веруваме дека модниот мајстор Ефтимов знаел каков ефект сакал да постигне.

Инаку, Елизабета е за „полна уста“ пофалби што во секоја прилика во и надвор од земјата им дава поддршка на македонските модни дизајнери, носејќи нивни креации.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....