8.8 C
Скопје
19:26 - 31 март, 2026

Кој ќе ја наследи круната на Елизабета: Британците навиваат за ВИЛИЈАМ, дали ЧАРЛС ќе му го препушти тронот на синот?

Британците навиваат за Вилијам и сакаат токму него да го видат на кралскиот трон, а не принцот Чарлс. Ова произлегува од неодамнешното истражување спроведено од Ипсос на тема кој да ја замени кралицата Елизабета. 

Секој четврти Англичанец би сакал Вилијам да биде на тронот наместо Чарлс. Ова е она што произлегува од неодамнешното истражување спроведено од Ипсос на примерок од 2055 возрасни луѓе, а според кое 42% од Британците веруваат дека принцот Чарлс, откако ќе се качи на тронот, треба веднаш да абдицира во корист на првородениот син .

Не станува збор за недоверба кон принцот од Велс: околу половина од испитаниците – 48% – веруваат дека Чарлс би бил добар крал, а само 19% не веруваат дека тој добро би ги извршувал обврските. Неговата популарност се зголеми во последниве години, од оскудни 11%  во 2018 година на 43% денес. Сепак, најстариот син – исто така благодарение на неговата сопруга Кејт Мидлтон – е попопуларен и тоа на Чарлс не му оди во прилог.

Гидеон Скинер, шеф на политичките истражувања во Ипсос, ги објаснува податоците на следниов начин:

„Гледајќи кон иднината, околу половина од Британците ја положија својата доверба во принцот Чарлс и точно е дека го гледаат во попозитивно светло од пред четири години. Но, популарноста на принцот Вилијам е многу поголема, веднаш под онаа на кралицата Елизабета. Ова е причината зашто постои хипотезата дека принцот од Велс ќе му го предаде тронот на својот најстар син, а токму оваа хипотеза е многу популарна кај Британците“.

Податоците, исто така, покажуваат дека антимонархиските чувства не се толку развиени како што некои би сакале да бидат: Кралицата останува најпопуларниот владетел кај 69% од испитаниците.  Вилијам пак, е веднаш зад неа со поддршка од 64% од испитаниците, надминувајќи ја дури и неговата сопруга Кејт Мидлтон, омилена кај 60% од испитаниците.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....