13:53 - 1 април, 2026

„Кога ќе одговориш Ким?! Твојот углед е во прашање“: Фановите лути на Ким Кардашијан и Бела Хадид што молчат по скандалозната кампања на Баленцијага

Обожавателите на Ким Кардашијан и Бела Хадид бараат да го осудат брендот Баленсијага за рекламната кампања со фотографии на кои децата држат плишани животни облечени во синџири и кожени ремени.

Модната куќа ја повлече контроверзната кампања во вторник на 22 ноември поради бурните реакции. Следниот ден, Баленсијага ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм профил, и се извини.

На Кардашијан и се бара и јавно да зборуваа против компанијата, поради нејзината долга историја со Баленсијага. „Ве молам зборувајте за Баленсијага. Не можете да го избегнете тоа, затоа што многу ги поддржувате“, „Кога ќе одговориш Ким?! Твојот углед е во прашање“, „Ти си мајка. Не дозволувај вакви работи“, напишаа следбениците на ѕвездата во коментарите на нејзината страница на Инстаграм.

Извор близок до Ким Кардашијан изјавил: „Како и сите други, Ким беше неверојатно вознемирена и загрижена поради празничната кампања. Како мајка, таа не толерира злоупотреба или експлоатација на деца на ниту едно ниво“.

Во средата, на 23 ноември, Бела Хадид прво објави, а потоа избриша објава со нејзини фотографии во новата рекламна кампања на Баленсијага. Претплатниците и се заблагодарија за таквата одлука и побараа од неа да зборува по скандалозната кампања на Баленсијага.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....