13:46 - 3 април, 2026

КОГА ДА ГИ МИЕТЕ ЗАБИТЕ: Пред или по првото утринско кафе?

Иако на многумина им изгледа логично да ги мијат забите по пиењето на утринското кафе – бидејќи остава дамки на забите, а неговата киселост го кородира емајлот, стоматолозите препорачуваат четкање на забите пред првото кафе!

Како што објасни Кристина Минер, стоматолог од непрофитната здравствена организација „Communi Care“ во Сан Антонио, кафето полесно се лепи и создава проблем ако дојде во контакт со наслаги, пишува marthastewart.com.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura (@chem.laura)


– Ако забите се чисти, ќе имате помалку наслаги на кои може да се задржи, истакнува таа.

Како што објаснува Мајнер, таа прво ги мие забите, пие кафе, а потоа само ја плакне устата со вода за да ја неутрализира киселоста во устата.


Соња Красилников, стоматолог од Њујорк, исто така забележува дека не е добра идеја да се мијат забите по испиеното кафе, поради нивото на киселост, бидејќи таквата средина е хемиски абразивна. На овој начин, киселината се распаѓа уште побрзо и ја зголемува чувствителноста на забите! Така, само повременото миење после кафе создава микроабразии, додека секојдневното четкање на забите по таков кисел пијалок може да ја „истроши“ глеѓта на забот.

Затоа, ако сепак сакате да го вратите чувството на свежина во устата со четка и паста, треба да почекате барем половина час за последната голтка кафе.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....