17:07 - 7 ноември, 2026

Ким Кардашијан за врската на Ратајковски и Дејвидсон: „Се познавам со Емили, но…“

Бизнисменката и реалити ТВ ѕвезда Ким Кардашијан реагираше на новата врска на нејзиното поранешно момче Пит Дејвидсон, пренесува HollywoodLife.

По првите заеднички фотографии на Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон, Ким Кардашијан објави низа фотографии на кои позира во секси издание и предизвика гласини за љубомора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Сепак, упатен за Холивуд лајф кажал дека ова е лага, дека бизнисменката се радува на среќата на своето поранешно момче. Имено таа рекла дека е пријателка со Емили, но дека не ѝ се лути зашто таа и Пит повеќе си одговараат.

„Ким ја познава Емили веќе некое време и таа ја одобрува нивната врска. Таа мисли дека е симпатично и навистина е среќна што Пит нашол некој кој е на иста бранова должина како него. Живеат во ист град, блиски се по години, а заедно имаат работено на неколку проекти. Таа, како и тој, е длабоко нурната во животот во Њујорк. Тие познаваат многу исти луѓе и се движат во исти кругови, па Ким чувствува дека тие се добар пар“, вели инсајдерот.

Летово Емили Ратајковски поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер-МекКлард. Пит Дејвидсон неодамна раскина со Ким Кардашијан, со која се забавуваше откако таа се разведе од Канје Вест.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....