17.8 C
Скопје
19:01 - 20 октомври, 2026

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам донесоа важна одлука во врска со принцот Хари

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам донесоа голема одлука во врска со принцот Хари бидејќи војводата од Сасекс треба да се врати во Велика Британија во мај 2024 година.

Мидлтон и Вилијам „немаат планови“ да се сретнат со принцот Хари при неговата следна посета на Лондон, изјави извор за британски Океј.

Идниот британски крал и неговата сопруга која е болна од рак ја донесоа одлуката затоа што сакаат да се „фокусираат на позитивното“.

„Вилијам и Кејт многу свесно се фокусираат на позитивноста и закрепнувањето на принцезата. Хари треба да замине во Лондон на почетокот на следниот месец, но немаат планови да се сретнат со него додека е таму, зашто средбата би била можеби прерано“, рече упатен извор близок до кралското семејство.

Информациите доаѓаат веста дека кралот Чарлс III, кој исто така боледува од рак, сака неговите синови да ги „средат работите“ со средба за време на посетата на принцот Хари на Лондон.

Војводата од Сасекс се врати во својата татковина за време на крунисувањето на неговиот татко во мај 2023 година и го посетил своето семејство на почетокот на 2024 година кога дознал за битката на кралот Чарлс III со ракот. Сепак, последното патување на Хари беше прилично кратко. Беше објавено дека тој во тоа време не го видел својот брат Вилијам.

Во меѓувреме, Меган Маркл последен пат ги виде роднините на нејзиниот сопруг во септември 2022 година, кога присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Да потсетиме дека принцот Хари жали за загубата на неговата блиска врска со Кејт Мидлтон.

Слични објави

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо
Се вчитува....