14:51 - 1 април, 2026

Карлеуша: „Пријовиќ ми пријде, не знам што гледаат мац-мац жените во мене“

Јелена Карлеуша и Александра Пријовиќ, актуелната најбарана пејачка во регионот, се сретнале во еден белградски ресторан.

Откако Пријовиќ ја започна својата турнеја „Од исток до запад“ и распродаде десетици најголеми арени на Балканот, Карлеуша постојано ја коментираше својата колешка и истакнуваше дека нејзиниот успех е „феномен на моментот“.

Сепак, откако на интернет се појавија фотографиите од нивната средба, Карлеуша на својот Инстаграм профил ја опиша нивната кратка средба, но и откри што мисли за Александра.

„Прија е исклучително ПРИЈАТНА жена која ми пријде со многу почит, ги пофали моите деца како добро воспитани и неодоливо ме потсети на Јелена Розга, Драгана Мирковиќ и Наташа Беквалац, кои исто така одлично комуницираат со мене“, ја започна објавата Карлеуша.

принтскрин инстаграм

„Што да кажам освен дека овие нежни жени ме сакаат (не знам што гледаат во мене која сум дива) и дека целосно ме разоружуваат со тој MAЦ-MAЦ пристап! Да бев маж, ќе ме вртеа околу нивните прсти, би им купила Биркин, вака ја имаат целата моја поддршка“, напиша Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....