16:39 - 9 ноември, 2026

(Фото) Како сестри: Маја Панчева објави специјална фотографија со ќерка си Надица

Маја Гроздановска-Панчева објави специјална фотографија со својата постара ќерка Надица, која изгледа како модел, а двете личат како да се сестри.

Младоликоста, негуваниот изглед и скромноста на Маја е нешто за кое често во јавноста се зборува и се коментира, но уште нешто вредно за неа е другарскиот однос со ќерките.

Помалата ќерка на Дарко и Маја Панчеви се вика Марија, а новата фотографија на инстаграм-профилот на Маја е со Надица, двете дотерани, заедно на настан.

„Вообичаено сум ранобудник. Обично станувам околу 6:30 часот и денот го започнувам со вежбање јога, а потоа се подготвувам за останатите активности.

Работните обврски денеска ми се во претпладневните часови, па после вежбањето појадувам и се подготвувам за на работа.

Во принцип мојот појадок се состои од една чаша природен сок, кој си го приготвувам навечер пред спиење и со него консумирам јаткасти плодови.

Не сум љубител на кафе, но сепак, најслатко ми е кога го пијам на работа со моите колешки“, рече во една прилика пејачката за „Слободен печат“.

Маја повеќе од 12 години е вработена во хорот на Националната опера и балет.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....