13:50 - 26 декември, 2025

КАКО СЕ СЛАВИ ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ШИРУМ СВЕТОТ: Во Шпанија на полноќ се јаде грозје, а во Кина ја бојат влезната врата во црвена боја!

Според историските податоци, луѓето веќе илјадници години го слават почетокот на Новата година. Од земја до земја луѓето го слават доаѓањето на Новата година на различни начини, но повеќето луѓе на сличен начин ја слават најлудата ноќ, иако има многу интересни обичаи. Според историските податоци, луѓето го слават почетокот на Новата година илјадници години, а најстарата забележана прослава се одржала пред четири илјади години во древниот Вавилон.

Дури во 46 година п.н.е., римскиот император Јулиј Цезар го претставил јулијанскиот календар и утврдил дека 1 јануари ќе биде почеток на новата година. Подоцна, во 1582 година, христијаните го прифатиле 1 јануари како почеток на новата година според Грегоријанскиот календар.

Шпанија

На полноќ на 31 декември, во Шпанија, традицијата вели дека се јаде грозје, и тоа точно 12 зрна – за да се обезбедат 12 среќни месеци што претстојат.

Унгарија

Во Унгарија овој ден го нарекуваат и Силвестер. Традицијата вклучува правење голема врева на новогодишната ноќ, со цел да се избркаат злите духови и демони. Во Унгарија шиењето или перењето облека на овој ден се смета за несреќа. Ако во домот на 1 јануари влезе маж, тоа се смета за среќа. Утрото на 1 јануари вообичаено е да се измиете со ладна вода која содржи црвено јаболко, за да бидете здрави во текот на целата година.

Јапонија

Доаѓањето на Новата година во Јапонија се одбележува со ѕвонење на звоната 108 пати, што според будизмот, симболизира чистота. Јапонците сметаат дека клучот за среќата е следната година да влезете насмеани, а вообичаено е на полноќ да се јадат оризови колачиња за среќа.

Кина

Во Кина 1 јануари официјално е првиот ден од новата година. Кинезите ја бојадисаат влезната врата црвено бидејќи симболизира среќа. Во текот на Новата година ги тргаат сите ножеви во куќата за никој да не може да се пресече затоа што мислат дека тоа ќе ја намали среќата во наредната година. Кинезите пред Нова година ја чистат куќата, се ослободуваат од старите работи, купуваат украси, подароци и нова облека.

Израел

Израелците времето го бројат според Грегоријанскиот календар и формално, Новата година не ја слават на 31 декември. Еврејската Нова Година вклучува многу обичаи, како што е јадење јаболка прелиени со мед, за следната година да биде слатка.

Холандија

Во Холандија на полноќ семејствата трчаат на улица, палат огномети и фрлаат петарди. На први јануари, илјадници Холанѓани одат да пливаат во леденото Северно Море, за среќа и здравје во наредната година.

Филипини

На Филипините се јадат тркалезни колачи кои се поврзуваат со монети, а со тоа се повикува на богатство во новата година. Новата година и 1 јануари се многу важни празници кои промовираат семејни вредности, љубов, внимание, се трудиме да ги заборавиме сите лоши моменти од претходната година.

Слични објави

(Видео) Весна Змијанац ја придржуваат додека оди, првпат во јавност по интервенцијата: „Не го почитувам она што ми го кажуваат лекарите“

Еспресо

Мајка ми зимаше плата 300 евра, а плаќаше рата за кредит 150 за јас да можам да се школувам: Исповед на познатата балерина

msp-admin

Андреана Чекиќ за траумите по несреќата со кумот Дарко Лазиќ: „Гледав само дали е жив“

Еспресо

(Фото) Водителката која за љубов си замина од Македонија пред десет години и стана мајка, денес изгледа како модел

apostolova

„Лепа Лукиќ не сакаше да плати 1200 евра за да ѝ го извадат забот“: Колега на пејачката се присети на една несекојдневна случка

Еспресо

Јана Стојановска се отвори за разголувањето во сериите

Еспресо
Се вчитува....