8.8 C
Скопје
23:40 - 28 март, 2024

Како е уапсен „кралот на криптовалутите“: Алармот се вклучил на граница

Јужнокорејските власти го обвинија До Квон за измама со криптовалути од 40 милијарди долари.

Авионот на приватната компанија „Алианс Џет“, подготвен за лет за Дубаи, два дена бил на  аеродромот во Подгорица чекајќи го До Квон, но тој не поминал подалеку од пасошка контрола – на граничниот полицаец кој му ги проверувал документите, му се упалила апликацијата Фајнд („Најди“) со предупредување – „апсење“.

Во образложението на барањето за апсење пишувало и дека го бара канцеларијата на Интерпол во Сеул за мултимилионска измама.

Инспекторите на кои јужнокорејскиот државјанин им го предал пасошот на Костарика веднаш контактирале со своите колеги од Интерпол во Сан Хозе.

„И добиле одговор дека наведеното лице не фигурира во нивните податоци, а дека матичниот број 8-0090-0088 е на друго лице. Исто така одговориле дека пасошот за кој побарале проверка не е регистрирани во нивната земја“, дознава „Вијести“ од истрагата.

При преглед на неговиот багаж инспекторите пронашле и патни исправи од Белгија и Јужна Кореја. При проверки се открило дека се фалсификувани и белгиските документи кои Квон ги поседувал.

„Прегледот на рачниот багаж на јужнокорејскиот државјанин Хан Чанг Џун откри корејски патни исправи на негово име и белгиска патна исправа и лична карта издадени на име Ванг Томас. Утврдено е дека белгиските документи се фалсификувани“, додава изворот.

Квон и неговиот сонародник потоа беа уапсени и осомничени за кривично дело фалсификување патна исправа.

По наредба на основниот државен обвинител Харис Шаботиќ одземени се три лаптопи и пет мобилни телефони.

Инспекторите утврдиле и дека црногорската гранична полиција не евидентирала кога двајцата бегалци влегле во Црна Гора.

Иако по нив е распишана потерница за кривично дело злосторничко здружување, а за Квон, како што го нарекуваат „кралот на криптовалутите“ и за обвинувањата за измама од 40 милијарди долари, тие не извршиле сослушување по таа основа.

Црногорските правосудни органи бараат тој прво да одговара за кривичното дело фалсификат, што Квон и Џун го негираат.

Двајцата првично беа сослушани во обвинителството, ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Пред обвинителот тие негираа дека сториле кривично дело и тврдеа дека користеле исправни и оригинални пасоши на граничниот премин на аеродромот во Подгорица.

Квон, дознава „Вијести“, рекол дека не сака да каже ништо друго додека не му се провери исправноста на пасошот.

Обвинителот Шаботиќ им одреди мерка притвор и му предложи на истражниот судија на Основниот суд во Подгорица да ги испрати во Истражниот затвор.

Според неговата оценка, постојат посебни околности кои укажуваат дека осомничените, доколку би биле ослободени, би побегнале и со тоа би ја попречиле постапката.

Тој оценил и дека е неопходно да се задржат додека не се утврди нивниот идентитет, но тоа е направено вчера.

Полициската управа, откако соопшти дека е утврден идентитетот на Квон и Џун, појасни дека по завршување на постапката поведена за кривичното дело фалсификување, двајцата ќе бидат изведени пред истражен судија на Вишиот суд во Подгорица.

Сепак, судската постапка за фалсификување вчера накратко беше прекината.

Истражниот судија кој требаше да одлучи по предлогот на обвинителството да бидат испратени во притвор, одби да им обезбеди преведувач за јужнокорејски јазик, по што бранителот на јужнокорејските државјани, адвокатот Бранко Анѓелиќ, побара изземање на постапката на судијата.

Иако по тоа барање се обиделе да најдат преведувач, судиите не можеле да го сторат тоа, поради што јужнокорејските граѓани не се изјасниле за наводите од кривичната пријава.

Истражниот судија Миладин Пајовиќ им одредил мерка притвор до 30 дена, а бранителот на Квон и Џун најави дека ќе се жалат на таа одлука.

„На моите клиенти им беше одземено правото да се бранат на начин што не им беше обезбеден преведувач за нивниот мајчин јазик, поради што не можеа ниту да сведочат против наводите од кривичната пријава. И покрај тоа, и тоа што нивниот идентитет беше утврден, судијата одлучи да одреди притвор поради опасност од бегство. Против тоа решение ќе поднесам жалба во предвидениот рок“, рече Анѓелиќ.

Во јуни минатата година, јужнокорејските обвинители изјавија дека До Квон патувал преку Дубаи во непозната земја, оставајќи го Сингапур.

Потсетуваат дека црвената потерница на Интерпол е меѓународен правен налог до земјите ширум светот да пронајдат и приведат лице кое очекува екстрадиција, предавање или некои слични правни дејствија.

40 милијарди долари се сериозна измама со криптовалути за која јужнокорејските власти го теретат 30 годишниот До Квон.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....