11:34 - 12 ноември, 2026

„Јованка, еве го овој твојот!“: Раде Шербеџија призна дека сопругата на Тито го обожавала, додека пак, маршалот го сакал Бата

Раде Шербеџија е сестран уметник, чие име го знаат сите генерации. Тој е актер од светска класа, музичар, режисер и поет.

Шербеџија има повеќедецениска кариера, глумел во над 200 проекти, а направи и холивудска кариера.

Меѓутоа, првата голема улога ја имал во филмот „Гравитација или фантастичната младост на службеникот Борис Хорват“. Оваа улога му донела голема популарност, а Шербеџија во разговорот за „Индекс.хр“, евоцирал спомени од тој период.

„Бев популарен, барем според тие анкети и го чувствував тоа, но никогаш не се чувствував како ѕвезда. Да се ​​разбереме, имаше луѓе кои беа популарни, но се однесуваа и како ѕвезди. Но, мене тоа не ми беше интересно. Дури ми беше одбивно. Нормално се шетав низ градот, стоев во ред за леб во продавница, немаше папараци, но ме сакаа и бев навикнат на тоа дека моите сограѓани во Загреб имаат нормален однос со мене. Покрај сето тоа, тука е и финансискиот аспект. Имено, ние кои бевме најпопуларни заработувавме само малку повеќе од просечната плата на лекар или инженер“, рекол Шербеџија.

Покрај тоа што бил омилен актер низ Југославија, Шербеџија го обожавала и Јованка Броз, што му признала по смртта на Јосип Броз Тито.

„Тито ја сакаше уметноста и особено филмовите. Се сеќавам кога бевме со Киклоп во Нови Сад и кога неколкумина од нас дојдоа да ги запознаеме него и Јованка, се сеќавам дека ѝ рече: „Јованка, еве го твојот“, се присетил актерот, а потоа додал:

„Подоцна открив дека ме сака, а тоа го дознав во деведесеттите, кога ја посетив додека беше буквално затвореник во Белград. Потоа ми кажа сè најлошо за сите тие политичари, за Милошевиќ и за целата банда. Ја прашав дали знае дека ја прислушкуваат, а таа ми рече: ‘Затоа и ти кажувам’. Во суштина, тогаш ми кажа дека ѝ се допаѓаат моите филмови, а на Тито филмовите со Бата Живоиновиќ.

 

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....