17:06 - 4 ноември, 2026

Јелена Томашевиќ им се обрати на девојките од „Лелек“ откако од српското жири добија 0 поени

На социјалните мрежи се поведе дебата за поените што српското жири им ги додели на учесниците, а најмногу критики следеа поради тоа што на Хрватска не доби ниту еден поен од нив. Интересно е што гласовите на српската публика покажаа сосема поинаков резултат — Хрватска доби 12 поени.

Јелена Томашевиќ сега им се обрати на хрватските претставнички и истакна дека таа им дала висок број поени.

„Драга Зорја и драги девојки од групата Лелек, ви честитам за извонредниот настап! Од мене синоќа добивте голем број поени. Жал ми е што тоа не се виде во конечниот збир на жирито“, напиша таа и додаде:

„Нека поените не ви бидат главниот впечаток од натпреварувањето. Во 2005 година за песната ‘Јутро’ добив 0 поени од жирито. Знам како се чувствувате! Голема прегратка за вас!“, порача пејачката.

На Инстаграм се огласи и Александра Ковач, која беше претседателка на овогодишното жири.

„Инсистирав јас и моите колеги да гласаме музички, а не политички, бидејќи сме повикани стручно да ги оценуваме песните и изведувачите, а не да се занимаваме со евтина политика.“, напиша таа.

Таа додаде и дека секој член на жирито гласал независно, без меѓусебно договарање.

„Секој гласаше за себе, врз основа на своето стручно мислење. Се договоривме никој да не ги знае гласовите на останатите членови, за да не влијаеме едни на други“, објасни таа, пренесе Нова.рс.

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....