12 C
Скопје
10:57 - 14 октомври, 2026

Во Холивуд сѐ погласно се шепоти за нова романса – дали Памела Андерсон и Том Круз се во врска?

Памела Андерсон наводно отвора ново поглавје во љубовниот живот, сред сѐ погласните шпекулации дека е во њубовна врска со Том Круз.

Според пишувањата на светските медиуми, 58-годишната актерка, по неколку интензивни години посветени на кариерата, повторно сака да се фокусира и на приватниот живот.

Извор близок до актерката тврди дека нејзиното големо враќање со филмот The Last Showgirl го променило начинот на кој Холивуд ја доживува — вклучувајќи го и Том Круз.

„Филмот им овозможи на луѓето да ја видат Пам во сосема поинакво светло, па и Том. Оттогаш се во контакт“, навел изворот за странските таблоиди.

Наводно, меѓу двете ѕвезди постоела искра, а луѓе од нивното опкружување забележале посебна хемија меѓу нив. Сепак, претставниците на Памела Андерсон и Том Круз засега не ги коментирале наводите за можна врска.

Памела Андерсон во последните месеци веќе беше поврзувана и со Лиам Нисон, со кого глумеше во филмот The Naked Gun. Минатата година двајцата предизвикаа гласини за романса по заедничките појавувања за време на промоцијата на филмот.

Актерката подоцна потврди дека кратко време биле романтично поврзани, но дури по завршувањето на снимањето. Иако нивната врска траела кратко, Памела истакнала дека верува оти Лиам секогаш ќе остане дел од нејзиниот живот.

Од друга страна, Том Круз претходно беше поврзуван со Ана де Армас. Медиумите тврдеа дека двајцата неколку месеци биле во врска, но дека односот завршил бидејќи на актерката ѝ пречело пребрзото развивање на нивната романса.

Новите шпекулации за врска меѓу Памела Андерсон и Том Круз веќе станаа една од главните теми на светските таблоиди, додека фановите со нетрпение чекаат да видат дали холивудското дуо ќе ја потврди наводната љубов.

Слични објави

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.

Судбината им подготвува голем пресврт — овие четири хороскопски знаци ќе ја остават тешката година зад себе во 2027

К.С.

Дневен хороскоп за 14 октомври: Избегнувајте непромислени одлуки

apostolova

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova

Ава Карабатиќ се смири со бившиот што ја претепа: „Планираме дете“

Еспресо
Се вчитува....