4.8 C
Скопје
07:55 - 27 октомври, 2026

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Познатата холивудска актерка Рејчел Мекадамс деновиве престојува во Белград, каде што работи на нов филмски проект.

Ѕвездата од романтичниот хит „Тетратката“ (The Notebook) била забележана во едно кафуле на Славија, каде што, според сведоштвата на присутните, привлекла големо внимание, но и симпатии поради својата непосредност.

Мекадамс во српската престолнина снима филм со наслов „2034“, футуристички трилер чија приказна е сместена во свет под силно влијание на вештачката интелигенција. Проектот го режира Џозеф Гордон-Левит.

Сопственикот на кафулето, поранешниот кошаркар Тадија Драгиќевиќ, открил дека актерката била исклучително љубезна кон персоналот и гостите.

„Прво ја забележа нашата баристка. Не можевме да поверуваме дека навистина е Рејчел Мекадамс. Кога ѝ пријдовме, беше многу пријатна и расположена за разговор. Ни кажа дека е во Белград поради снимање филм“, изјавил тој за српските медиуми.

Според неговите зборови, актерката без проблем прифатила да се фотографира со нив, а во кафулето престојувала со сопругот и децата.

Рејчел Мекадамс е една од најпознатите актерки во Холивуд, а светската популарност ја стекна со улогата во „Тетратката“ (The Notebook), каде што играше со Рајан Гослинг.

Во кариерата има низа успешни улоги, меѓу кои и во филмовите „Злобни девојки“ (Mean Girls), „Заклетвата“ (The Vow), „Во центарот на вниманието“ (Spotlight) и „Доктор Стрејнџ“ (Doctor Strange).

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....