15:09 - 4 ноември, 2026

Јелена Спенџарска со емотивна семејна приказна: Начин на живот кој веќе не постои

​Јелена Спенџарска која е по потекло од Берово, сподели ретка семејна приказна поврзана со нејзината баба.

​Познатата водителка ги сподели своите емоции со следбениците на социјалните мрежи при посетата на селото Двориште, родното место на нејзината баба Нада.

​Во серија објави, Јелена го документираше патувањето до куќата каде што нејзината баба ги поминала најраните години од својот живот. Посетата помина со мешавина од возбуда и носталгија,  Стоејќи пред старата, руинирана градба која сè уште му пркоси на времето, таа упати порака за минливоста на животот, но и за вечноста на сеќавањата.

​„Денеска одиме во селото каде што е родена баба ми. Сакам да ја видам куќата, ако не е распадната“, напиша Јелена на Инстаграм, а потоа се сликаше со баба ѝ до куќата и додаде:

​„Еве ја, уште се ‘држи’ некако куќата каде се родила и пораснала мојата баба Нада. Фасцинантно е да можеш да слушаш но и да сведочиш за едно време, за начин на живот кој веќе не постои, за спомени кои биле толку реални иако поминале гооооооодини и години. Замислете оваа жена до мене имала соништа токму тука, тука создавала пријателства, плачела, учела, си играла. Ни на крај памет дека еден ден, повеќе од 70 години ќе дојде да се слика тука со внуката“, сподели Јелена.

Фото/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....