13.8 C
Скопје
11:26 - 18 октомври, 2026

Јелена Карлеуша „удри“ на Севе и отворено откри за преписките со Душко: „Малку се зезна, не ме повреди“

Јелена Карлеуша отворено проговори за конфликтот со Северина во емисијата „Пулс на Србија“ (Пулс Србије), посочувајќи дека пејачката си ја затворила вратата во Србија поради непочитување на српскиот народ.

Карлеуша откри и како Северина се обидела да ја повреди испраќајќи приватни пораки до поранешниот сопруг, но Јелена одговори: „Не ме повреди“.

Карлеуша го осуди однесувањето на Северина, тврдејќи дека таа си ја затворила вратата во земјата што ѝ дала шанса за кариера.

– Не мислам дека на Северина официјално ѝ е затворен влезот во Србија, туку таа самата си ја затвори таа врата. Не можеш да навредуваш народ, да го прозиваш на секој начин, а потоа да очекуваш да те пречека со раширени раце. Белград е епицентарот на Балканот, тука се прават големи кариери, а нема место за оние кои немаат почит кон Србија. Ништо никогаш нема да биде пред мојата земја, изјави Карлеуша во емисијата.

Таа уште еднаш потврди колку ѝ е важно да ја брани честа на Србија и на српскиот народ, кој постојано беше цел на изјавите и ставовите на Северина.

– Секогаш ќе ги сакам сите народи, но Србија ќе ја бранам по секоја цена. Никој не може да дојде овде, да заработува во оваа земја и да ја понижува попатно. Тоа не поминува кај мене – изјави пејачката очигледно возбудена поради сето она што се случува со години.

Карлеуша се осврна и на личната преписка што ѝ ја праќала Северина обидувајќи се да ја повреди на приватен план. Но, Јелена како вистинска лавица не дозволи да биде скршена.

– Уште една работа за Северина, мислејќи дека ќе ме повреди, кога ја замолив да ги остави на мир мојот народ и земја, таа ми испрати преписка со сега веќе бившиот сопруг. Таа не знаеше дека добив многу такви преписки и дека ништо не ме изненади. Тука малку се зезна Северина, но и тоа кажува многу за неа, која се допишувала со оженет маж – заклучи Јелена.

 

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....