22:05 - 7 ноември, 2026

Јелена Карлеуша проговори за наводните изневерувања на Душко: „По мене нема да може да има врска со жена“

Пејачката Јелена Карлеуша  отворено зборуваше за својот приватен живот,пренесуваат спрските медиуми. Таа открила во каков однос е денес со Душко Тошиќ и дали ја изневерувал за време на бракот.

„Не, изневерување – навистина никогаш. Јас не сум некоја што би простила изневерување на таков начин. Но имаше ситуации кога видов дека му местат на Душко и тогаш застанав на негова страна. Секогаш. Јас секогаш ќе застанам покрај мојот маж и во добро и во зло“, изјави Карлеуша.

Таа додаде дека денес нема директна комуникација со него:

„Немам никаква комуникација со него. Со него комуницира мојата тетка Данијела, тие имаат убав однос. Јас имам прекрасен однос со целото семејство на Душко – со сестра му, мајка му, внуката, нејзиниот сопруг. Навистина се сакаме и почитуваме. Но со Душко не разговарам.“

Карлеуша нагласи дека Тошиќ е присутен во животот на нивните ќерки Атина и Ника и дека ги исполнува родителските обврски:

„Секојдневно е со Атина и Ника. Своите родителски обврски ги исполнува максимално, тие многу го сакаат. Девојчињата живеат со мене, пораснаа со мене. Душко за време на нивното детство живееше низ целиот свет. Јас ги воспитав и ги израснав, но тој како татко, особено сега кога веќе не игра фудбал, е добар татко.“

Пејачката потоа додаде и силна, емотивна изјава:

„Јас ќе го повторам она што тој никогаш не би го рекол за мене – јас за него би го дала животот. За таткото на моите деца. На метар би застанала, на десетмина би тргнала поради Душко, а ние не разговараме“, рече таа.

На крајот, Карлеуша изнесе и свое мислење дека Тошиќ по неа нема да може да има сериозна врска:

„Тој изгуби многу со мене. Животно. Мислам дека никогаш повеќе нема да има никаква врска. Никогаш, со ниту една жена. Едноставно, по мене нема да може да има врска со жена. Сакав да кажам – сериозна врска. Можеби некакви комбинации, затоа што секоја би била во голем проблем со споредувањето со мене. Тоа е голем проблем. Бојан и Душко засекогаш ќе бидат мои поранешни сопрузи, па дури потоа – име и презиме“, заклучи Карлеуша.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....