04:08 - 15 декември, 2025

ЈА ИЗНЕВЕРИ ДОДЕКА БЕШЕ ТРУДНА, А СЕГА Ѝ НАПРАВИ БЕБЕ НА ДРУГА ЖЕНА: Клои Кардашијан повторно посрамотена од Тристан Томпсон

Тристан Томпсон е играч на Сакраменто Кингс и долгогодишен партнер на ријалити-ѕвездата Клои Кардашијан од ултрапознатото семејство Кардашијан. Врската помеѓу него и Клои е документирана и претставена на јавноста од нејзиниот зародиш и од самиот почеток Тристан е се, освен верен и посветен партнер. Тој многу пати ја изневерил и посрамотил Кардашијан, а ова е неговиот најнов удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maralee 🦋 (@maraleenichols)

Марали Николс го роди синот на Томпсон на 1 декември и поднесе тужба за алиментација. Тристан претходно негираше дека имал сексуални односи со Николс во Калифорнија каде што е поднесен случајот за алиментација, тврдејќи дека „единствениот“ можен датум на зачнување на детето е 13 март 2021 година, што е неговиот роденден кога тој бил во Тексас. Во претходните судски документи и во изјавата минатиот месец, Николс рече дека детето е зачнато во април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Но, се испостави дека резултатите од тестот за татковство откриваат дека синот на Марали Николс е син и на Томпсон.

НБА играчот сподели порака на својот инстаграм-профил, пишувајќи:

„Денес, резултатите од тестот за татковство откриваат дека станав татко на дете со Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Откако е утврдено татковството, се радувам во заедничкото, пријателско воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што сум ги повредил или разочарав во текот на оваа ситуавија и јавно и приватно“

30-годишниот Томпсон претходно ревносно го оспоруваше татковството на детето кое е родено на 1 декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maralee 🦋 (@maraleenichols)

Во својата порака во понеделникот, Томпсон се обрати и на Клое Кардашијан – со која се забавуваше кога Николс рече дека детето е зачнато.

фото: инстаграм

„Клои, не го заслужуваш ова. Не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти ги нанесов. Не го заслужуваш начинот на кој се однесував со тебе во текот на годините. Моите постапки сигурно не се усогласија со начинот на кој те гледам. Имам најголема почит и љубов кон тебе. Без оглед на тоа што може да го мислиш. Повторно, неверојатно ми е жал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....