14.8 C
Скопје
22:31 - 25 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОВСКИ НАЈАВУВА: Снегот се враќа, еве кога и каде!

– Како што претходно кажавме и најавивме, утре и во четврток за Бадник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени -вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа од петок па натаму, односно за Божиќните презници времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег а повремено снежната граница има услови да се спушта и до околу, па и под 1000 м.н.в. Температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели.

И во Скопскиот регион утре и во четврток времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Повеќе облачност ќе има од петок па натаму кога ќе има услови за повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 12 степени.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....