04:58 - 8 ноември, 2026

Изложба на накит од сребро на дизајнерката Ксенија Котев

Доколку сте вљубеници во носливата уметност, тогаш запишете ја во вашата агенда изложбата на дизајнерката Ксенија Котев.

Колекцијата на накит, насловена „Mermaid’s kiss“ вечерва (петок) со почеток од 14 часот ќе биде претставена пред скопската публика во „Hotel Tim’s apartments“.

Брилијантна во својот израз и секогаш длабоко мистична, Ксенија во креирањето нѐ освојува со секоја нова колекција, но овојпат доживува комплетна преродба во нејзиниот израз и дизајн.

Станува збор за своевидно ново раѓање на Котев во оваа колекција која е составена од 5 парчиња накит, меѓу кои 8 прстени, 4 обетки, 1 брош, 1 ѓердан и 1 белезија. Изработени од сребро 925 со техника на оксидација и делови со филигранска техника.

– Mermaid’s kiss или бакнежот на сирената има волшебна моќ – способност да ги исцелува луѓето. Овој бакнеж вклучува пренос на божествената енергија и канализирање на истата со цел за лекување за умот, телото и духот преку прифаќање на себеси онакви какви што сте. Седумте фази на емоционално лекување се: свесност, прифаќање, саморефлексија, простување, отпуштање, обнова и трансформација, вели Ксенија.

Посетителите ќе имаат можност од 22.12 до 23.12 да ја погледнат оваа изложба на рачно изработен накит од сребро надополнет со моќниот кристал – пирит.

– Пиритот како кристал е дел од оваа приказна затоа што ги стимулира втората и третата чакра, ја подобрува силата на умот, бистрината, фокусот и волјата. Овој кристал помага да се надминат стравовите и анксиозноста, вели дизајнерката.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....