15:25 - 7 ноември, 2026

Италијанска романса на Стефан од „Некст тајм“, важна песна го одведе на ова место

Романтична италијанска приказна раскажа пејачот Стефан Филиповски од дуото „Некст Тајм“. Со својата последна објава на социјалните мрежи успеа да ги допре срцата на своите обожаватели.

Стефан сподели серија фотографии и видео од магичниот Соренто, место со посебна симболика и богата музичка историја. Тој ја посетил локацијата каде што е создадено едно од најголемите музички ремек-дела на сите времиња, „Карузи“ на Лучо Дала.

„На местото каде што е создадена ’Карузо’, песна што многу ја сакам и која за мене е една од најубавите песни што некогаш биле напишани“, сподели Стефан.


На фотографиите може да се забележи како музичарот позира покрај грандиозно пијано во прекрасен амбиент, но и како ужива во спектакуларниот залез на сонцето над италијанскиот брег.
Инаку, песната „Карузо“ е посветена на легендарниот италијански тенор Енрико Карузо, а нејзината изведба од страна на Лучано Павароти и самиот Лучо Дала ја направи планетарно популарна. За вокал како Стефан, посетата на ова култно место е очигледно исполнување на една голема музичка желба.

Во јули лани, една година по свршувачката, Стефан Филиповски, се ожени со својата долгогодишна девојка Тинеа од Белград. Стефан и Тинеa го изговорија судбоносното „да“ на црковна церемонија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

По венчавката во Соборниот храм, која се одвиваше во интимен круг од семејството и најблиските пријатели, младоженците имаа свадбена прослава.

Тинеа носела елегантна венчаница со корсет украсена со делови од тантела, додека Стефан се одлучил за црн костум (смокинг) и вратоврска.

Среќниот момент го споделија и неговиот брат-близнак Мартин Филиповски, како и сопругата на Мартин – Андреа, кои на социјалните мрежи објавија фотографии од свадбената церемонија.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....