13.8 C
Скопје
21:54 - 20 април, 2026

(Видео) Инфлуенсерка отворено за забава со познати фудбалери во Барселона: „Ме бркаше, се заклучив во тоалетот…“

По случајот со Дани Алвеш, кој се уште се наоѓа во притвор обвинет за наводен сексуален напад врз млада жена, имаше и други обвинувања против фудбалери.

Оваа недела, на пример, една млада жена пријави наводен инцидент со играчот на ПСЖ, Ахраф Хакими.

Сега популарната инфлуенсерка по име Татјана Кисиел се отвори за непријатното искуство за кое тврди дека го имала на забава со фудбалери во градот Барселона.

„Заминав од таму плачејќи и очигледно нема да се вратам на забава на фудбалери“, објасни Кисиел на ТикТок.

@tatianakisiel

comentad de qué equipo creéis que hablo 🤓 #futbol #storytime

♬ original sound – Tatiana Kisiel

„Момците беа арогантни и глупави, како 90 проценти од фудбалерите“, продолжи Татјана.

„Кога стигнавме таму, првото нешто што направија беше што ме замолија да го оставам мобилниот на рецепција, нешто што не го направив затоа што не планирав да останам на затворено место, без прозорци и без да можам да комуницирам. Воопшто не им верував“.

Инфлуенсерката изјави дека забавата се одржала на место каде имало околу 50 девојки кои го чекале доаѓањето на фудбалерите.

„Сите бевме таму и чекавме да пристигнат играчите и посакувам да не дојдоа бидејќи забавата беше подобра без нив“, додаде таа.

„На пат кон бањата сретнав еден од играчите како ѝ вика на една од девојките и почнав да го снимам“.

„Тој го сфати тоа и почна да ме брка. Се заклучив во бањата и тој удираше по вратата додека не ме натера да си одам и да го избришам видеото“.

Потоа објаснува дека плачејќи си заминала од катастрофалната забава и дека веќе никогаш нема да оди ан забава со фудбалери.

Татјана не открива за кој фудбалер станува збор и кои фудбалери биле на забавата, па дискусијата се разгоре меѓу следбениците на ТикТок кои почнаа да редат имиња и да претпоставуваат.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно шокира: „Баба ми почина гледајќи филмови за возрасни“

Еспресо

Рале откри сè за односот со Ана Николиќ: „Имаме само еден проблем“

Еспресо

(Видео) Луксуз на јахта од 10 милиони евра – погледнете како уживаат Мелина Галиќ и нејзиниот сопруг по свадбената прослава

Е.А.
Се вчитува....