9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Името на Атиџе Муратова се злоупотребува, Сузана Турунџиева луто реагираше

Името на Атиџе Мутарова се злоупотребува, а Сузана Турунџиева ја раскажа целата приказна.
Познатата водителка и пејачка  остро реагираше за злоупотребата на името на Атиџе Муратова, познатата пчеларка од Овчеполието, главната хероина на документарецот „Медена земја“.
-Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) “МЕДОТ НА АТИЏЕ” повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.
Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има. МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите. Се друго е само мед со непознат квалитет“, напиша Турунџиева во 2023 година.
На нејзиниот Фејсбук профил, Сузана која е многу блиска со Атиџе и ѝ помогна да ја изгради нејзинта нова куќа во селто Дорфулија, повторно објави:
-Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира и продава нејзиниот мед преку други, трети лица и фирми. Атиџе нема фирма! Медот на Атиџе е оној кој ќе го купите од нејзе лично!“.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....