9.8 C
Скопје
18:44 - 30 март, 2026

Им забрануваа да се сакаат, со тешки маки победија: Еве што мораше да стори Влатко за Силви

Не било сѐ мед и млеко во животот на Влатко Плевнеш и на Силвана Мучиќ-Плевнеш, денес познати како дуото „Силви бенд“ со успешна кариера повеќе од 30 години.

Тие ја имаат ќерката Деа Делина која е музичар и веќе се баба и дедо, но на почетокот на врската не им било воопшто лесно.

Поради ромското потекло на Силви, се соочиле со предрасуди, најмногу од семејството на Влатко.

„Само поради неговата упорност, но и затоа што мојата добрина ги смири, не дозволивме никој да ни ја уништи врската“, рече Силви за „Репортер“ во една прилика.

Посилни од кога било, „Силви бенд“ настапија на фестивалот „Макфест“ во Штип на вечерта посветена на хитовите со нивната безвременска „Ангели ме носат“. Силви изгледаше одлично во фустан со деколте и одново ја освои публиката со својот глас и со хитот кој остана да се пее.

Инаку, Силви и Влатко Плевнеш станаа баба и дедо во август во 2024 година. Нивната ќерка Деа Делина на свет го донесе своето прво дете – ќерката Малика.

Фото/ Министерство за култура

 

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....