10.8 C
Скопје
16:41 - 30 март, 2026

Игор Џамбазов му прости на Миро Кацаров за навредите дека е доста од него

Игор Џамбазов му прости на водителот Миро Кацаров за тоа што го тој го навреди велејќи минатата година дека тој е изморен од водење и дека треба да има нови водители.

Кацаров и Џамбазов се сретнале на прославата на „Бекстејџ“, 18-тиот роденден од оваа емисија сношти, и според многуте сториња објавени на социјалните мрежи, Миро Кацаров прво рекол:

„Сега е време да си простиме, иако не сме биле скарани“. Кацаров му доделил на Џамбазов награда за најдобра изјава, онаа во која Игор вели: „Кој ве научи толку да мразите?“ Кога се качил на сцената да ја земе наградата, тој рекол:

-Миро Кацаров, како прекрасно звучи моето име изговорено од твојата уста. Јас имам многу изјави како инфлуенсерка, повеќето се глупости, но ете некоја била шерувана, била споделувана, луѓето ја сакале, го ценеле тоа што сум го изјавил.

Полнолетсво за „Бекстејџ“, и мене ми летнаа овие 18 години, и јас бев Миро на тој прв роденден на „Бекстејџ“. Сега што да му посакам, лична карта, може да полага, може да гласа. Може треба да го жениме со само „Само вистина“ или со Временска прогноза. Ви благогарам уште еднаш, ќе се трудам и понатаму да изјавувам што помалку глупости“, рекол Игор Џамбазов.

Инаку, лани во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, Миро Кацаров рече: „Доста е од Игор Џамабзов и Сашко Коцев, тие се извонредни, ама треба помлади водители“.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....