17:03 - 9 ноември, 2026

И кучињата-корги и коњот излегоа да се простат од нивната сопственичка Елизабета Втора

Омилените животни на кралицата Елизабета Втора, два корги и еден коњ, беа изнесени надвор за време на погребната поворка во Виндзор, пишува Гардијан.

Нејзините миленици беа изнесени за да го ја искажат нивната почит на споменот на кралицата за време на погребната поворка во Виндзор. Две од кучињата корги на Елизабета II, по име Муик и Сенди, стоеја на влезот на замокот Виндзор. Средниот син на кралицата, принцот Ендру, дојде да ги поздрави. Инаку, тој ќе продолжи да се грижи за нив.

На долгата прошетка што води до замокот Виндзор стоеше и црниот коњ на Елизабета II. Во изминатите неколку години, Елизабета Втора повеќепати беше забележана како јава коњ по име Ема.

Денеска, Елизабета Втора ќе биде погребана покрај нејзиниот починат сопруг принцот Филип во спомен капелата на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Погребот во капелата ќе се изврши во затворен формат. На церемонијата ќе присуствуваат само членови на кралското семејство.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....