8.8 C
Скопје
07:38 - 21 октомври, 2026

И двајцата најавија: Што ќе прават Ирина Шајк и Бредли Купер по одморот на Бахамите?

Веста дека поранешниот пар од соништата – топ моделката Ирина Шајк и актерската ѕвезда Бредли Купер летуваат заедно на Бахамите, за кусо време го обиколи светот. Фановите, се разбира, навиваат за повторното обединување на еден од најзгодните мажи на планетва  (барем меѓу глумците) со една од најубавите жени во светот.

Сепак, тоа што им го оставија на нивните „навивачи“ и симпатизери , по објавената фотографија дека се заедно на одмор,  е – трпението.

Познато е дека Ирина Шајк не споделува на социјалните мрежи интимности од животот, па затоа заедничката фотографија со Купер си има своја тежина и значење. Но набргу потоа и двајцата најавија по кои патишта ќе тргнат по одморот.

Што се однесува до Ирина, таа ја најави модната кампања на луксузниот бренд Барбери од која е дел за колекцијата есен/зима 2022/23.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

Така, во следниот период таа ќе биде ангажирана со големите ревии на неделите на модата кои се одржуваат во септември во најзначајните модни центри низ светот – на модната писта на Барбери (и не само за нив).

Купер, пак, во меѓувреме ќе го слушаме во анимираното остварување на Дизни,  I am Groot, за кое го „позајмува“ гласот на Рокет.

И ќе го промовира новиот филм „Маестро“ на кој извесен перод веќе напорно работи.

Што се однесува до љубовта, двајцата не оставаат да сонуваме за убави нешта.

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....