02:16 - 7 ноември, 2026

Крис Рок одби да биде водител на Оскарите следната година, но одбил и уште една скапа улога!

Комичарот Крис Рок, кој доби шлаканица од актерот Вил Смит за време на доделувањето на Оскарите годинава, изјави дека му било понудено да биде домаќин на церемонијата и следната година, но одбил.

Според американските медиуми, Крис Рок исто така рекол дека му било понудено да глуми во реклама за Супер Боул, но и тоа го одбил.

Комичарот го спореди враќањето на Оскарите со враќањето на „местото на злосторството“ и случката ја спореди со судењето за убиство на неговата поранешна сопруга Никол на О.

Според него, враќањето на сцената на Оскарите би било „како да ја замолите Никол Симпсон да се врати во ресторанот“ (Рок се повика всушност на случајот со О.Џ Симпсон кој беше осуден за наводно убиство на сопругата со помлад келнер во ресторан).

Да потсетиме, глумецот – Оскаровец Вил Смит излезе на сцената на Оскарите на 27 март и му удри шлаканица на водителот Крис Рок поради шегата на комичарот за „многу кратката коса“ на сопругата на Смит – Џејда Пинкет – која пак, боледува од автоимуна болест и косата и опаѓа.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....