10.8 C
Скопје
14:56 - 27 октомври, 2026

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Пејачот Харис Џиновиќ се огласи откако неговата поранешна сопруга Мелина Галиќ се омажи за британскиот милионер Џефри Пол Арнолд во Монте Карло, а неговите зборови ја шокираа јавноста, а се однесуваат на ќерката Џина Џиновиќ.

Иако медиумите во регионот пишуваат за луксузната свадба на дизајнерката и нејзиниот нов избраник, Харис Џиновиќ истакнува дека одамна свртел нов лист и дека апсолутно не е заинтересиран за животот на поранешната сопруга.

„Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат реалните настани за неа, тоа не ме интересира тоа, одамна, кога се разидовме, се свртев кон својот живот, кон своето дете, што имам јас со тоа? Таа може да се омажи, да се убие, што и да сака… не ми е грижа. Таман работа, јас да размислувам за некое минато, не ми паѓа напамет“, рекол тој.

Сепак, она што им го привлекло вниманието на сите бил односот на пејачот со децата по разделбата на семејството.

Во својата изјава, Харис повеќепати нагласил дека се посветил на „своето дете“, мислејќи исклучиво на својот син Кан, кој останал да живее во неговиот дом и кој му е најголема поддршка.

Од друга страна, Харис не ја споменал ќерката Џина Џиновиќ.

Со оглед на тоа што Џина присуствувала на свадбата на мајка си Мелина и не се одвојувала од неа за време на венчавката, со овој потег Харис Џиновиќ индиректно потврдил дека не е во добри односи со ќерката.

 

 

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....