11.8 C
Скопје
13:49 - 27 октомври, 2026

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Анѓела Игњатовиќ Бресквица открила во еден поткаст дека имала ситуација на настапот која воопшто не била пријатна. Во една прилика, по настапот, пејачката ја исполнила желбата на своите обожаватели да се фотографира со нив, а потоа едно девојче ѝ ја раскрвавило главата, случајно.

– Најнепријатно и најболно беше кога едно девојче, од силна желба да ме види и да ме прегрне, ми ја раскрвави главата со обетката. Тоа навистина беше болно, но не сум имала ниедна непријатни ситуации, тоа се претежно коишто навистина ме сакаат – рекла пејачката во поткастот „Нешто различно“, па потоа коментирала дали се чувствува суета на естрадата.

– Јас сум многу флегматична личност, не се нервирам. Навистина е потребно нешто големо да се случи за да се изнервирам. Можеби е тоа подметнување нозе, сите имаме место под естрадното небо, но генерално не се нервирам, не обрнувам внимание, јас не гледам кој што рекол, кој што направил, се гледам само себеси и своето семејство… Само сакам сите да бидат среќни – рекла таа и додала дека често го чувствува тоа на своја кожа:

– Секојдневно од страна на колешките. Иако има и колеги, сега почнаа и мажите – открила Бресквица.

 

 

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....