12.8 C
Скопје
12:45 - 27 октомври, 2026

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Пејачката Маја Шупут (46) беше гостинка во подкастот на „Ин магазин“. Во клиповите што ја најавуваат првата епизода од подкастот, музичарката зборуваше за својот татко Борис, кој, особено во раните денови од нејзината кариера, беше нејзина најголема поддршка и столб, пишува „Дневник.хр“.

Низ годините, Борис Шупут соработуваше со многу ѕвезди како што се Миша Ковач, Златко Пејаковиќ, Даниел Поповиќ и Јасмин Ставрос. Во 2002 година, доживеа тешка сообраќајна несреќа од која никогаш не се опорави целосно, а по долго и тешко боледување, почина во октомври 2018 година.

Таа раскажа како било тоа време, кога животот на нејзиното семејство се промени засекогаш.

– Јас бев единствената што работеше за целото семејство. Значи, од сите нас тројца, јас бев единствената што почна да работи затоа што тие повеќе не работеа… Сè тргна наопаку во еден ден. Значи, не знам што да ви кажам. Едноставно, ова се теми за кои никогаш не зборувам, бидејќи ме прават да се чувствувам лошо, а потоа ми се плаче, па воопшто не сакам да зборувам за тоа – рече Маја.

– Едвај го преживував тоа додека беше жив, во извесна смисла не можев да го гледам, ми беше ужасно тешко. Ужасно. Кога почина татко ми, мислам дека не можев да одам на гробишта година или две, не повеќе, но не одев на гробишта – откри таа.

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....